Бидејќи Mercedes-Benz е бренд кој би требало секогаш да оди еден чекор понатаму за своите клиенти, исклучително значаен новитет за Македонските купувачи е воведување на Mobilo услугата.
„Што да правам сега, се наоѓам на паркинг во 11 часот навечер, надвор од Љубљана, во Словенија, а клучот внатре во автомобилот“ – вака звучел повик од еден клиент од Мак Аутостар, кој панично барал помош.
Само неколку дена пред случката, Mercedes-Benz заедно со Мак Аутостар почна со воведување на новата услуга Mercedes-Benz Mobilo за своите клиенти во Македонија. Настанот претставуваше вистински предизвик веднаш да се тестира услугата. За половина час подоцна, екипата на Mercedes-Benz го лоцираше возилото и истото беше однесено во најблискиот овластен сервис, а сопственикот сместен во хотел. Утре напладне тој се јави во Мак Аутостар за да се заблагодари и притоа информира дека проблемот веќе е решен, а тој пресреќен е на пат кон Македонија.
Mercedes-Benz Mobilo во основа не е само вообичаена „24 часа помош на пат“, туку услуга која помага во надминување на оние проблеми кои евентуално би го попречиле патувањето, па дури и возилото да останало без гориво. Оваа услуга важи ширум Европа, достапна е 24 часа и се користи едноставно со јавување на телефонскиот број + 389 2 31 81 373.
„Со задоволство можам да најавам и тоа токму кога Мак Аутостар прославува 20 години од своето постоење, дека се воведува нова, уникатна услуга Mercedes-Benz Mobilo која на сопствениците на Mercedes-Benz им овозможува секогаш да стигнат онаму каде што тргнале на своето патување. Услугата во основа дава безгрижност на пат и е достапна ширум Европа“, изјави директорот на пост-продажба на Mercedes-Benz Македонија, Ѓорѓи Крајчев.
„Воопшто не е важно дали проблемот е предизвикан од страна на сопственикот или од некој друг, дали сте ставиле бензин наместо дизел гориво или некаде сте го заборавиле клучот, туку најважно е патниците во Mercedes-Benz возилото да стигнат онаму каде што планирале. Toa е важно бидејќи само така се одделуваат сопствениците на Mercedes-Benz возила од сите останати“, изјави Крајчев.
Инаку, услугата Mercedes-Benz Mobilo е достапна со секое ново возило, како и кај сите оние што се регистрирани по 1.4.2008 г. и истата трае четири години. По овој период, услугата може да се продолжува секоја година до максимални 30 години, доколку возилото се одржува редовно во овластен сервис.
Извор: Mercedes-Benz PR