Први фотографии од концептот на Hyundai за Женева – Intrado – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од концептот на Hyundai за Женева – Intrado

Производителот од далечниот исток се подготвува за својот настап на Женевскиот саем за автомобили – а таму ќе го претстави концептот Intrado.

Сега за сега немаме никакви официјални податоци околу технологијата која стои позади овој концепт, но знаеме дека го следи новиот еволуираниот дизајнерски јазик на Hyundai кој тие го нарекуваат Fluidic Sculpture 2.0. Нам ни наликува на несекојдневна комбинација од Audi A1 и Nissan Juke. Според некои гласини до кои дојдовме, под каросеријата се крие технолошки напреднатата платформа од ix35 Fuel Cell возилото кое вози на водорот. Тој модел забрзува до 100 километри на час за 12.5 секунди, има максимална брзина од 160 километри на час и има автономија од 594 километри.

Саемот на автомобили во Женева започнува следната седмица, а ние со нетрпение ги очекуваме сите нови модели и концепти!

hyundai-intrado-interior

hyundai-intrado-side

hyundai-intrado-rear



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.