Според Ford, суперлативот „нај“ е нивниот заштитен знак – бидејќи со повеќе од 1.1 милион примероци е најпродавано возило во светот минатата година!
Ford Focus се произведува од 1998-мата година и до сега се продадени повеќе од 12 милиони примероци од најуспешниот модел на брендот. Вториот суперлатив со кој се гордеат се турбо бензинските мотори со EcoBoost ознаката. Овој агрегат комбинира мала зафатнина, лесни материјали, директно вбризгување на горивото, турбо полнење и променливо темпирање на вентилите за да ја намали потрошувачката до 20 проценти во споредба со поголемите мотори но да ја извлече максималната моќност од секоја капка гориво. Притоа EcoBoost е револуционерен бидејќи за прв пат во историјата две години по ред се закитува со наградата Интернационален Мотор на Годината со што се етаблира како најнаградуван мотор во светот.
Нашите пријатели од Ми Да Гранд Моторс повторно, заслужено, ќе се послужи со суперлативот НAJ… Имено, најновата технологија и квалитет отсега достапни по НАЈниската цена на светот – Ford Focus 1.0 EcoBoost со Trend ниво на опременост за само 11.990 €, а ние веќе го возевме и сме навистина импресионирани од перформансите и економичноста на малиот EcoBoost турбо-бензинец!
Извор: PR Ford