Наменета за авантуристите – новата Fiat Panda 4×4 Cross – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наменета за авантуристите – новата Fiat Panda 4×4 Cross

За оние кои сакаат да ги напуштат асфалтираните патишта и малку да се посветат на истражувањето – Fiat ја подготви Panda Cross!

Купувачите на Panda Cross ќе можат да изберат меѓу 0.9-литарски TwinAir со 90 коњски сили и 145 Nm вртежен момент, но ние би го препорачале и би го избрале 1.3-литарскиот MultiJet дизел мотор кој испорачува 80 коњски сили, но има значително покорисни 190 Nm вртежен момент. И двата мотори нудат 5 коњски сили повеќе од она што се нуди кај обичните верзии на Panda, а бензинскиот мотор добива специјална изведба на 6-степениот мануелен менувач кој има пократка прва брзина со цел полесно да се справи со теренско возење.

fiat-panda-cross-rear

Сепак, она што е најзабележливо е бодикитот со кој е „дотерана“ Panda Cross. Новите предни и задни браници, пластичните заштитни панели на каросеријата, но и уникатните 15-инчни фелни се резервирани исклучиво за Panda Cross. Во внатрешноста ќе се нуди кожен пакет, како и Blue&Me мултимедијален систем.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.