Независниот автомобилскиот дизајнер Давид Кардосо ја прикажа неговата визија за купе изведба од DS5 моделот на Citroen.
Концептот изгледа како полуксузен наследник на C4 Coupe, со тоа што спојува ексцентричен Француски дизајн со линии на три-вратно купе. Резултатот е уникатна идеја која изгледа како да потекнува баш од дизајнерскиот тим на Citroen. Предниот дел е направен во агресивен стил со големи отвори за воздух, детали од хром и светлосни групи со LED технологија, додека позади се забележува „лебдечки“ кров под кој владее безредие од линии.
Ние би сакале автомобилот да добие измени во задниот дел за да биде подедвнакво привлечен како и напред, и да се најде во гамата на Францускиот производител, за потоа со задоволство да го гледаме по улиците.