Регулаторната комисија пред само неколку минути ги објави новите, непроменети цени на горивата!
Како и секој втор понеделник, така и денес Регулаторната Комисија за Енергетика на Македонија ги објави новите цени на горивата. Согласно нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени се покачуваат во просек за 0.24 проценти. Тоа значи дека цените на горивата остануваат исти – ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 78.00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 79.50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69.00 денари за еден литар.
Како што напоменавме, цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.