За некого, 600-те коњски сили и 600-те Nm што веќе ги има McLaren MP4-12C се доволно. За Hennessey, не се.
Американските тјунери веќе најавија пакет за Британскиот суперавтомобил. MP4-12C ќе ја добие ознаката HPE800, и како што погодувате – 800 коњски сили! Секако, тука се и аеродинамичните додатоци, за кои сеуште не знаеме каков ефект ќе имаат, а тјунерите веќе кажаа дека нема да менуваат ништо во суспензијата на автомобилот бидејќи фабричкиот систем е прекомплицирани и веќе одлично поставен.
Hennessey веќе ги знаеме по нивните налудничави проекти и не сме изненадени од нивната желба да го доработат новиот McLaren. Колку ќе успее нивниот проект, останува да видиме.