Автомобилот кој го гледате на фотографијата е Astra OPC Extreme – и е најава за најмоќната Astra во историјата!
Според гласините кои кружат, Astra OPC Extreme ќе биде придвижувана од истиот 2-литарски турбо-бензинец, но кој ќе биде дополнитено доработен и „навиен“ на 325 коњски сили – скоро 50 коњски сили повеќе од стандардната Astra OPC. Се шпекулира дека ќе има мануелен 6-степен менувач и механички диференцијал со ограничено пролизгување.
Концептот е базиран на Astra Cup тркачкиот автомобил кој има 300 коњски сили и лесна каросерија со многу делови направени од карбонски влакна и алуминиум. Сличен третман би требало да добие и Extreme верзијата, како и нови браници и дополнителни детали.
Наскоро ќе знаеме повеќе – Opel/Vauxhall ја подготвува премиерата за Женева.