Michelin претстави гуми кои со стареењето ги подобруваат карактеристиките и ќе траат 100.000 километри! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Michelin претстави гуми кои со стареењето ги подобруваат карактеристиките и ќе траат 100.000 километри!

Интересен нов продукт на Michelin – нивните нови гуми со Ever Grip технологија би требало да траат 100.000 километри, но истовремено ќе имаат подобри перформанси како што стареат!

Ever Grip технологијата за прв пат ќе се појави кајгумите Premier A/S на производителот, и кај овие гуми Michelin ќе гарантира век од 60.000 милји, односно околу 100.000 километри! Смесата од која се изработени овие гуми содржи екстремни количини на силика гел и сончогледово масло, но и нов дизајн на шарата на гумата. Шарите се шират како што гумите се трошат, па со време перформансите би требало да бидат уште подобри. Дополнително, гумата има уште 150 дополнителни засеци кои се во прво време скриени и кои стануваат видливи, односно активни како што гумата се троши.

Новите гуми ќе започнат со продажба во Америка наскоро, а глобалната продажба би требало да следи по неколку месеци. Гумите ќе бидат достапни во димензии меѓу 185/65-15 и 245/45-18.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.