KIA едноставно не застанува – новиот концепт е спортско возило со погон на задните тркала и 315 коњски сили!
Придвижуван од 2-литарски T-GDI турбо-бензинец со директно вбризгување и 315 коњски сили пренесени кон задните тркала, GT4 Stinger е автомобил кој претставува и најавува храбра нова насока за KIA. Концептот е изграден врз комплетно нова основа и шасија, и моќта се пренесува преку 6-степен мануелен менувач. Како и секој концепт, и KIA GT4 Stinger има (пре)големи тркала – во овој случај станува збор за 20-инчни тркала во кои се кријат и Brembo Gran Tourismo сопирачки.
Без сомнение, ова е интересен и храбар концепт од KIA. Дали ќе резултира со сериски модел, останува да погодуваме.