ABT Sportsline Audi A4 & S4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT Sportsline Audi A4 & S4

Тјунерите од ABT се погрижиле за фејслифтираната Audi A4, па сега можете да ја добиете со малку „дотерани“ бензински и дизел мотори!

Естетските додатоци кои ABT ги нуди за фејслифтираната Ауди А4 се дискретни и на прв момент неприметливи, но она што сигурно ќе го приметите се тјунираните мотори, кои со нивната моќност навистина ќе ве изненадат. Дволитарскиот турбо бензинец е засилен од 211 на 275 коњски сили, а три литарскиот V6 бензинец со компресор кој се нуди во Audi S4 е засилен за импресивни 102 коњски сили – од 333 на 435!

Со оваа доработка, Audi S4 забрзува до 100 километри на час за 4.8 секунди, и ќе оди до 282 километри на час.

3-литарскиот турбодизел агрегат е исто така доработен, сега наместо 245 коњски сили и 500 Nm нуди 282 коњски сили и 560 Nm вртежен момент.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.