Само неколку дена пред нејзиното официјално претставување, на Интернет се појавија првите официјални фотографии од новата Corvette Z06!
Она што веќе го знаеме за новата Corvette Stingray Z06 е дека ќе биде придвижувана од голем, 6-литарски, компресорски V8 мотор кој ќе испорачува 620 коњски сили и 880 Nm вртежен момент, но некои извори сугерираат дека овие бројки би можеле да бидат и повисоки.
Ова се првите фотографии од новиот знаменосец на Chevrolet. Можеме да забележиме многу детали од карбонски влакна, како на надворешноста така и во внатрешноста. Нам навистина ни се допаѓа како изгледа, а перформансите сигурно ќе бидат застрашувачки!