Иако одамна згаснаа гласините за уште посилната изведба од Fiesta ST, сега тие повторно се активираа и спомнуваат бројка од околу 230 кс.
Според најновите шпекулации, RS изведбата од Fiesta е во процес на развој заедно со новата генерација на Focus RS, а ќе се одликува со агресивен боди кит со проширени странични крила. Може да се очекуваат и бројни надградби на перформансите вклучувајќи спортски прилагодена суспензија, посилни сопирачки и диференцијал со ограничено пролизгување.
Се претпоставува дека дополнителните 50 кс ќе бидат „исцедени“ од истиот 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо бензинец кој во ST верзијата произведува 180 кс. Доколку се тече според плановите, претстојната Fiesta RS ќе се појави во 2015 година со цена од околу 28.000 евра.