Subaru WRX STI пристигнува во Детроит – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru WRX STI пристигнува во Детроит

Јапонскиот бренд објави дека ќе го претстави новиот WRX STI модел на автомобилскиот саем во Детроит при крајот на овој месец.

Според последните гласини, новиот STI ќе користи 2.5-литарски четири-цилиндарски боксер агрегат потпомогнат од турбополнач и ќе располага со околу 300 кс и 390 Nm вртежен момент. Она што е сигурно, е дека STI нема да добие своја пет-вратна хечбек изведба и ќе се нуди само во четири-вратна седан верзија.

Претпоставуваме дека моделот ќе биде изгледа како легален рели автомобил, опремен со агресивен бодикит со пошироки странични крила и поголем заден спојлер, како и поголеми златни фелни. Може да очекуваме и повеќе прилагодувања на суспензијата и шасијата за да се подобри неговата управливост и стабилност во свиоците.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.