Протечени фотографии од новата C-Class со AMG пакет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протечени фотографии од новата C-Class со AMG пакет!

Протекоа првите фотографии од AMG-пакетот кој ќе можете да го нарачате со секоја верзија на новата C-Class на Mercedes-Benz!

Како и секогаш, моделите опремени со AMG Line пакетот добиваат нови предни и задни браници, странични прагови како и поголеми AMG фелни. Конкретно, новата C-Class ќе добие преден браник со големи отвори за воздух кој наликува на оној кај CLA опремен со AMG Line пакет, заден браник со вграден дифузер како и странични прагови. Суспензијата ќе биде за 15 милиметри пониска во однос на моделите без AMG Line пакетот, а тркалата се со 5 краци и големина од 18 инчи.

AMG Line пакетот ќе биде достапен штом ќе започне продажбата на новата C-Class во текот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.