Жирито ја објави прелиминарната листа на возила кои ќе се борат за признанието за Автомобил на Годината во Македонија за 2014!
Прелиминарната листа ги содржи сите кандидати кои исполнуваат соодветни критериуми и започнале со продажба меѓу двата избори. На пошироката листа се најдоа следните кандидати:
- Audi A3
- Citroen C4 Grand Picasso
- Dacia Logan
- Dacia Sandero
- Mazda 3
- Mercedes S-Class
- Mercedes CLA
- Mitsubishi Space Star
- Peugeot 308
- Peugeot 2008
- Renault Captur
- Suzuki SX4 S-Cross
- Seat Toledo
- Škoda Octavia
- Škoda Rapid Spaceback
- Toyota Auris
- Toyota Corolla
- Toyota RAV4
По претставувањето на прелиминарната листа, на ред е подетално анализирање на автомобилите и избор на финалистите за изборот. Скратената листа ќе биде објавена по новогодишните празници а победникот во текот на Февруари.