Ford Fiesta ST пристигна во Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Fiesta ST пристигна во Скопје!

Малата и спортска Fiesta ST со 183 коњски сили неодамна пристигна во Скопје!

Вљубениците во малите спортски хечбекови можат да започнат да слават – помалиот член на ST семејството на синиот овал, кој воедно освојува награди насекаде каде се појавува од неодамна е достапен и во Скопје. Ние моравме да отидеме до салонот на Ми-Да Гранд Моторс и да го видиме, и можеме само да се надеваме дека ќе ја имаме можноста да седнеме зад воланот на овој мал Германски спортист.

Fiesta ST може да се пофали со 1.6-литарски турбо-бензински мотор кој испорачува 183 коњски сили и 290 Nm вртежен момент, благодарение на кои малиот автомобил забрзува до 100 километри на час за 6.9 секунди, а максималната брзина изнесува 220 километри на час.

ford-fiesta-st-rear

Цената на изложениот модел изнесува 21.990 евра, додека цените започнуваат од 20.900 евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.