KIA ја претстави Red Zone специјалната едиција на новиот Soul – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA ја претстави Red Zone специјалната едиција на новиот Soul

Soul е еден од најпопуларните модели на Корејскиот производител, а специјалната едиција која го носи името Red Zone ќе биде произведена во само 2000 примероци.

За жал, оваа изведба на Kia Soul е резервирана само за купувачите на северноамериканскиот пазар. Red Zone се издвојува по уникатната бела боја со привлечни црвени акценти, како и уникатните 18-инчни фелни. Во внатрешноста црвени опшивки и детали го издвојуваат Red Zone од обичниот Soul. Soul Red Zone ќе биде придвижуван од 2-литарски атмосферски бензинец кој испорачува 164 коњски сили кои ќе се пренесуваат кон предните тркала преку шест-степен автоматски менувач – сепак се работи за автомообил наменет за Американскиот пазар.

Официјални цени нема, но според челниците на Kia, Soul Red Zone влече инспирација од Trackster концептот кој беше претставен минатата година. Концептот имаше само три врати и големи 19-инчни тркала, како и мотор со 250 коњски сили, но лесно се препознава фамилијарната поврзаност меѓу Trackster и Red Zone.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.