Пол Вокер загина во сообраќајна несреќа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пол Вокер загина во сообраќајна несреќа!

Ѕвездата на филмската франшиза “The Fast and the Furious” загина на 40 годишна возраст откако со автомобил се судри во дрво.

Трагичната сообраќајна несреќа се случила изминатото утро во Санта Кларита – надвор од Лос Анџелес. Пол Вокер бил совозач кога автомобилот Porsche Carrera GT возен од неговиот пријател загубил контрола и удрил во дрво. Автомобилот се вивнал во пламен и експлодирал, по што бил целосно уништен, а двајцата ги загубиле своите животи.

1385655_10151812671979087_2036321160_n

Вокер, кој се појави во 32 филмови во текот на неговата 27-годишна кариера, е најпознат за глумата во филмската франшиза “The Fast and The Furious” како карактерот Брајан О’Конор. Тој беше огромен љубител на автомобилите и вистински возачки ентузијаст. Посакуваме ова да беше само злобна шпекулација, но за жал не е така. Оваа вест веќе беше потврдена на неговата официјална фејсбук страна и од бројни светски интернет портали.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.