Тјунинг специјалистите за моделите на BMW ги претставија нивните пакети за подобрување на перформансите на Серија 4, на автомобилскиот саем за тјунинг во Есен.
AC Schnitzer нудат пакети за три бензински и три дизел агрегати. За моделот 420i се нуди надградба од 181 кс на 245 кс, за 428i од 242 кс на 294 кс, за 435i од 306 кс на 360 кс, за 420d од 181 кс на 218 кс, за 430d од 254 кс на 309 кс и за 435d од 309 кс на 360 кс.
Покрај тоа, автомобилот добива двоен спортски издувен систем од не’рѓосувачки челик со хромирани издувни цевки. Суспензијата е пониска за 25 mm во споредба со онаа кај стандардниот модел, а како опција е понудена и тркачка прилагодлива суспензија.
Тјунерската компанија нуди и пакет на додатоци за дотерување на екстериерот, како хромирана предна решетка, заден кровен спојлер, заден спојлер, преден спојлер, заден дифузер и неколку модели на алуминиумски фелни. За внатрешноста AC Schnitzer нуди нова рачка за менувачот со дигитален дисплеј, алуминиумска рачка за рачната сопирачка, алуминиумски педали и брендирани патосници.
Германскиот тјунер изложи и нивна визија за полициско возило базирано на BMW 428i, кое сега испорачува 294 кс и 420 Nm вртежен момент, а може да се пофали со забрзување од место до 100 км/ч за 5.7 секунди пред да ја достигне електронски ограничената максимална брзина од 250 км/ч.