up, up and away! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

up, up and away!

Неодамна беше објавена веста за практичната петвратна верзија и за спортската GT варијанта на минијатурниот VW up! Но, најмалиот VW не е само симпатичен, туку се грижи и за своите патници!

Иако микроскопските димензии наведуваат кон погрешен заклучок за неговата издржливост во непогодни ситуации, сепак up! освои максимални 5 ѕвездички на краш-тестот на Euro NCAP. Иновативниот систем “City Emergency Braking” дополнително ги импресионираше експертите, па up! се закити со наградата “Euro NCAP Advanced”.


Не е толку малечок – ги собра сите луѓе кои ги гледаме на сликата!

Системот кој му ја донесе “Euro NCAP Advanced” наградата на up! се активира при брзини помеѓу 5-30 km/h, односно, исклучително при градски услови на возење. Ласерските сензори ја скенираат ситуацијата пред возилото, и по потреба ги активираат сопирачките, доколку настане опасна ситуација. Volkswagen up! е единствен автомобил во оваа класа во моментов, што нуди ваков напреден безбедносен систем. Да напоменеме дека системот се добива со доплата, а не како дел од сериската опрема на up!



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!