Ни Dacia не е тоа што беше! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ни Dacia не е тоа што беше!

Можеби до вчера беше предмет за потсмев, сепак полека но сигурно, Dacia почнува да се искачува по скалилата на успехот. И тоа ни помалку ни повеќе, туку со култниот Алан Прост како „водич“.

Релито Андрос се одржува во источна Франција, во прекрасната белина на Алпите. Она што го карактеризира овој шампионат, се условите при кои се одвиваат натпреварите, односно, снег, мраз, исклучително студено време итн. Токму тука, Dacia почна да го гради својот успех, а воедно и да ги демантира сите оние гласини и предрасуди кои се врзани за нејзиното име. Па, кога легендарниот Алан Прост се решил да и’ верува на Dacia, зошто не би можеле и ние?

Минатата година Прост се натпреваруваше со специјалната изведба на Duster, додека годинава, Прост се бори за освојување на првото место, со својата Dacia Lodgy Glace. Но, за жал, овој викенд временските услови не беа наклонети на француско-романската комбинација. Имено, Lodgy е направен за натпреварување на мраз, а не на асфалт, па поради умерените температури и дождот, асфалтот беше доминантната површина, а не мразот. Сепак, и покрај тешкиот натпреварувачки викенд, Алан Прост останува во борба за титулата на Trophee Andros.

Битката за титулата во шампионатот ќе се одвива во зимскиот центар Super Besse, на 28ми јануари, помеѓу Алан Прост (Dacia Lodgy Glace), Жан-Филип Деро (MINI Countryman) и Бенџамин Ривие (Skoda Fabia).



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!