Германската компанија ќе повика во сервис 2.6 милиони возила ширум светот заради неколку идентификувани проблеми.
Првиот проблем заради кој Volkswagen ќе повика околу 800.000 примероци на Tiguan е заради користењето на несоодветни осигурувачи во автомобилот. Ова се однесува на модели произведени помеѓу 2008 и 2011. Понатаму, 239.000 примероци на Amarok ќе бидат повикани во сервис за да биде заменето едно црево за довод на гориво кое во некои ситуации може да напукне, и конечно, 1.6 милиони примероци на возила од сите брендови на Volkswagen (Audi, Seat, VW и Skoda) опремени со DSG менувач ќе бидат повикани за промена на масло во менувачот, бидејќи производителот по грешка користел синтетичко наместо минерално масло во овие менувачи кое може да предизвика проблеми со електричните системи на автомобилот. Преку 640.000 од овие автомобили се во Кина.
Ова е втор голем повик во сервис во Кина за Volkswagen оваа година. Volkswagen повика 384.000 возила во сервис во Март заради проблеми со неочекувано губење моќност, вибрации и неочекувано забрзување. За овој случај Jochem Heinzmann објави јавно извинување на автомобилскиот саем во Шангај во Април. Ова повикување во сервис се однесуваше само на возила произведени во Кина, додеја најновиот повик во сервис е на глобално ниво.