Toyota Motorsport развива тркачка изведба од спортскиот модел GT86, која ќе се натпреварува на етапите од Светскиот Рели Шампионат WRC.
Моделот ќе биде наречен GT86 CS-R3, и означува дека автомобилот ќе се натпреварува во R3 класата, со 2-литарски боксер агрегат и шест-степен секвенцијален менувач. Сепак, за разлика од сите останати учесници во класата, само тој ќе биде со заден погон. Автомобилот ќе биде достапен за приватните учесници, а испораките ќе започнат од 2015 сезона.
GT86 CS-R3 ќе биде создаден од Германската моторспорт дивизија на Toyota, која беше заслужна за успешната WRC програма во осумдесетите и деведесетите, кога Јапонскиот бренд освои четири возачки и три конструкторски титули.
Ова е навистина прекрасна вест за Светскиот Рели Шампионат и веруваме дека задниот погон ќе го направи уште поинтересен и повозбудлив.