Новиот Mercedes-Benz S65 AMG – 12 цилиндри, 630 коњски сили, 1000 Nm! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Mercedes-Benz S65 AMG – 12 цилиндри, 630 коњски сили, 1000 Nm!

Токму тие се најважните бројки кои треба да ги знаеме за новиот знаменосец на S-Klasse на Mercedes-Benz. Новиот S65 AMG е најмоќното возило во овој сегмент на пазарот!

Новиот 6-литарски битурбо мотор кој ќе се вградува во S65 AMG има зафатнина од 6-литри и 12 цилиндри поставени во V-формација, и испорачува 630 коњски сили меѓу 4800 и 5400 вртежи во минута. Истиот тој мотор испорачува монструозни 1000 Nm вртежен момент меѓу 2300 и 4300 вртежи во минута. Благодарение на овој мотор, S65 AMG забрзува до 100 километри на час за 4.3 секунди, а максималната брзина е (секако) ограничена на 250 километри на час. Mercedes-Benz најавува потрошувачка од само 11.9 литри на 100 километри, но да бидеме реални, тоа се бројки кои се недостижни.

Mercedes-Benz S 65 AMG (V 222) 2013

S65 AMG ќе се нуди со AMG Speedshift Plus 7G-Tronic автоматскиот менувач со седум брзини, и овој менувач е еден од главните виновници за намалената потрошувачка. Секако, за останатите иновации би можеле да зборуваме уште многу и многу, но доволно е да напоменеме дека S65 AMG користи Литиум-Јонски акумулатор, ќе се нуди со AMG-прилагодена Magic Body Control суспензија, ќе доаѓа со AMG-прилагодено управување чија брзина се менува во зависност од брзината на движење, екстра-лесни фелни, керамички диск-кочници и многу, многу, многу опрема – сепак, зборуваме за знаменосецот на Mercedes-Benz.

Премиерата е закажана за овој месец, а продажбата ќе започне од следната година. За да бидете сопственик на S65 AMG ќе треба да одвоите најмалку 232.050 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.