Jaguar C-X17 Concept е претставен и во Дубаи – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar C-X17 Concept е претставен и во Дубаи

Новиот кросовер на Jaguar го доживеа дебитирањето на Средниот Исток, така што е изложен на автомобилскиот саем во Дубаи.

Претходно претставен на автомобилскиот саем во Франкфурт, но во поинаква боја, новиот кросовер концепт е поставен на нова целосно алуминиумска платформа. Сепак, за разлика од тогаш, сега се знае дека под поклопецот работи “домашниот” V6 агрегат потпомогнат од компресор.

Британскиот бренд сеуште треба да објави дали возилото ќе биде пуштено во производство, но најновите гласини велат дека спортскиот кросовер ќе биде лансиран во текот на 2016 година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.