Иако седмата генерација на VW Golf сеуште не е пристигната во САД, специјалистите за суспензија H&R подготвија еден примерок за овогодишниот SEMA саем.
Нивниот автомобил е типичен Low Rider, забележливо доближен до подлогата. Висината е намалена за 63.5 милиметри на предната оска и 70 милиметри на задната оска, благодарение на нови прилагодливи амортизери. Спортскиот став го надополнуваат конкавните 19-инчни Rotiform фелни, обвиени во нископрофилни Michelin пневматици, кои заедно седат над посилни Brembo сопирачки.
Додатоците на предниот и задниот браник, како и новите странични прагови и издувните цевки се дел од естестски спортски пакет од Volkswagen.