Sebastien Loeb повторно победник во Monte Carlo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Sebastien Loeb повторно победник во Monte Carlo!

Со победата во Монте Карло, како и најдоброто време на Power Stage делницата, Loeb ги освои максималните поени на првиот настан сезонава!

Loeb изјави дека ваквиот почеток е одличен за борбата за зачувување на титулата, и дека е одлично да се победи со максимален број поени уште на самиот почеток и пред толку многу обожаватели. Второто место му припадна на Дани Сордо со Mini WRC, а третото на Петер Солберг во Fiesta WRC.

Интересно е што ова е прв подиумски финиш на Мини од победата на Rauno Aaltonen во далечната 1967-ма! Дани одлично ја започна сезоната и можеме да му посакаме само многу успех до крајот. Иако Loeb цврсто и успешно се држи за титулата, сепак се надеваме дека и оваа сезона, како и минатата ќе има достојна конкуренција.

За жал, среќата не го послужи Sebastien Ogier, кој заради излетување од патот и сериозна несреќа мораше да се откаже. Тој помина без повреди, што не можеше да се каже и за неговата S2000 Skoda Fabia. Тој стигна и до третата позиција, но за жал не можеше да продолжи.

Но на крајот на денот, победникот е сепак Летечкиот Французин кој повторно им покажа на своите конкуренти дека покрај осумте титули, воопшто не се опуштил! Му честитаме на Loeb за шесттата победа во Монте Карло и му посакуваме уште среќа до крајот на сезоната! Да ги погледнеме најинтересни моменти од овогодинешното Rally Monte Carlo!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.