Јапонскиот бренд објави фотографии од трите нови концепти кои планира да ги претстави на автомобилскиот саем во Токио.
Новите студии се одликуваат со нов дизајн и технологија кои ја прикажуваат идната насока на развивање и производство на моделите на Mitsubishi.
Сиво обоениот Mitsubishi Concept GC-PHEV предвидува наредна генерација на голем кросовер со постојан погон на сите тркала. Моделот користи Plug-In хибриден систем кој се состои од 3.0-литарски V6 MIVEC агрегат со компресор, поврзан со осум-степена автоматска трансмисија, како и електричен мотор со батерија со висок капацитет.
Втората студија е црвениот Mitsubishi Concept XR-PHEV, кој е визија на производителот за кросовер од наредната генерација главно фокусиран на возачкото уживање. Автомобилот користи предно поставен мотор, PHEV систем со погон на предните тркала, кој комбинира малолитражен 1.1-литарски MIVEC агрегат потпомогнат од турбополнач, со лесен, компактен електричен мотор со висока ефикасност и батерија со голем капацитет.
Третата студија е зелениот Mitsubishi Concept AR, компактен моноволумен од наредната генерација, кој комбинира способност на кросовер со внатрешен простор на моноволумен. Концептот користи лесен и послаб хибриден систем кој го вклучува истиот 1.1-литарски турбополнет агрегат од Concept XR-PHEV.
Сите три концепти се опремени со најновите технологии за активна безбедност на Mitsubishi и напредната “connected car” технологија која содржи нови системи за информација.