Сакате да знаете колку моќ навистина има вашиот автомобил? Однесете го на Dyno! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сакате да знаете колку моќ навистина има вашиот автомобил? Однесете го на Dyno!

Dyno, скратено од Dynamometer, односно динамометар се користи за мерење на вистинската моќност на едно возило, а треба да биде дел од алатките на секој професионален тјунер!

Конечно во Македонија, благодарение на Автотек Електроник има вистински динамометар, а љубителите на возилата и тјунингот можат да дознаат колку моќ навистина има нивниот автомобил. Ние ја имавме можноста да извршиме мерење на едно од нашите возила и денес со задоволство ќе ви ја пренесеме постапката.

Динамометарот е всушност голем мерач на кој го поставувате вашето возило и соодветно обучено лице го контролира возилото при што погонските тркала придвижуваат ролери преку кои се мери моќноста. Но за почеток, да погледнеме како тоа изгледа.

dyno1

Погонските тркала се местатна соодветните лежишта. Секако, дел од опремата се и вентилатори кои дуваат воздух кон автомобилот за да помогнат со разладување, како и всисувач за издувни гасови. Но пред да започне мерењето, возилото мора да биде добро фиксирано за да би се спречиле несакани случки. Се фиксираат задниот и предниот дел на автомобилот со моќни стеги, како би се избегнало неконтролирано движење на возилото.

Стегите се користат за да се прицврсти предната страна на возилото чија сила ја мериме..

dyno-straps-front

… како и задната страна на возилото чија сила ја мериме.

dyno-straps-rear

Откако возилото е соодветно прицврстено и сме сигурни дека нема да има никакво движење, се мести и всисувачот за издувни гасови и можеме да започнеме со мерење!

dyno-run

При мерењето машината зема во предвид неколку различни параметри, меѓу кои и амбиенталната температура, воздушниот притисок и влажноста на воздухот. Во текот на мерењето автомобилот постигнува прилично висока брзина додека стои во место – во нашиот случај, некаде околу 190 километри на час! Буката која настанува при мерењето го подигнува адреналинот и секој љубител на автомобили со нетрпение очекува да ги види своите резултати.

Вообичаено се прават две мерења и од нив се извлекуваат вредностите. Се добиваат точни информации за тоа колку коњски сили произведува еден мотор, но и колку Nm вртежен момент, а сите тие податоци се претставени на график за да може вистински да се види во кој распон на вртежи автомобилот постигнува моќност. Во неколкуте мерења кои ги направивме, ние измеривме 160 коњски сили и 335 Nm вртежен момент!

Доколку и вие сакате да дознаете колку коњски сили произведува вашиот автомобил и со сигурност да ги знаете резултатите од мофицикациите кои ги имате применето, ви препорачуваме да се обратите во Автотек Електроник и да закажете термин – верувајте, искуството е незаборавно!

Поврзано:  Светска премиера на новите Volkswagen Transporter и Caravelle

Уште еднаш, имаме огромна благодарност до Автотек Електроник што ни овозможија одблиску да видиме како изгледа процедурата за мерење моќност на еден автомобил.

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.