Mercedes-Benz го претставува ентериерот на новата C-Class! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz го претставува ентериерот на новата C-Class!

Наскоро ја очекуваме целосната премиера на новата C-Class на Мercedes-Benz, но Германците успешно не „подгреваат“ со неколку фотографии од ентериерот, но и информации околи системите кои ќе се нудат во овој автомобил.

Она што веднаш е забележливо е дека дизајнерите и инженерите на Mercedes-Benz имаат направено огромен напредок во ентериерот на C-Class. Сегашната C-Class е далеку од непривлечна и неквалитетна, но сепак малку доцни зад другите германски ривали. Со задоволство можеме да кажеме дека новата C-Class ќе има значително поинтересен и помодерен ентериер. Понатаму, можеме да забележиме дека дизајнерите „позајмиле“ некои детали од помалиот CLA, но тоа не е критика – напротив, нам навистина ни се допадна ентериерот на CLA.

Понатаму, овие фотографии откриваат и некои од системите кои ќе се вградуваат во C-Class, како на пример клима-уредот кој користи GPS за да ги очекува тунелите и ги затвора надворешните отвори за воздух како во автомобилот не би влегувале издувни гасови. Вниманието ни го привлече и новата платформа која ќе се користи за C-Class, која е за 70 килограми полесна од досегашната и користи 39% повеќе алуминиум од онаа кај сегашниот модел. Очигледно е дека и инженерите на Mercedes-Benz го следат трендот на намалување на тежината на своите автомобили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.