Со цел да ги разјасниме работите, денес пренесуваме една листа на автомобилски производители и појаснуваме кој кого поседува.
Интересно е што некои од познатите брендови најдоа нови (и неочекувани) сопственици, а некои брендови едноставно згаснаа. Меѓу оние кои ги поздравивме и ги испративме во историјата се Saab, Pontiac и уште некои, а има и онакви кои имаат нови газди.
Да разгледаме:
- BMW е сопственик на Mini и Rolls Royce
- Fiat е сопственик на Ferrari, Maserati, Alfa Romeo, Chrysler, Dodge, Jeep, SRT и Lancia.
- Ford е сопственик на Lincoln и има мал (не-контролирачки) удел во Mazda
- General Motors (GM) е сопственик на (земете воздух) Buick, Cadillac, Chevrolet и GMC. GM има контролирачки удел во Daewoo, Opel/Vauxhall и Holden.
- Honda е сопственик на Acura.
- Toyota е сопственик на Lexus.
- Hyundai и Kia се дел од иста групација.
- Renault и Nissan се дел од иста групација. Сопственици се на Infiniti и Dacia, а од неодамна повторно е заживеан брендот Datsun.
- Tata Motors е сопственик на Jaguar и Land Rover
- Geely е сопственик на Volvo.
- Mazda е независна.
- Mitsubishi е независен.
- Daimler AG е сопственик на Mercedes-Benz и Smart.
- Subaru му припаѓа на Fuji Heavy Industries и еден мал дел на Toyota.
- Volkswagen е сопственик на Audi, Bentley, Bugatti, Lamborghini, Porsche, Seat и Skoda (и уште неколку не-автомобилски брендови)
- Peugeot и Citroen се во заедничка групација, од неодмана соработуваат со GM.
- Proton е сопственик на Lotus.
- Aston Martin е сопственост на неколку различни групации, меѓу кои Investindustrial и Investment Dar.
- Suzuki е независен, но Volkswagen е сопственик на 19.9% од компанијата.
Појасно е сега?