Ghe-O Rescue – За оние кои сакаат да ја преживеат апокалипсата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ghe-O Rescue – За оние кои сакаат да ја преживеат апокалипсата!

Ако некогаш започне крајот на светот, ние сакаме по едно вакво чудовиште за да преживееме!

Ghe-O Rescue (не, ни ние не знаеме што значи Ghe-O) e автомобил – ако може така да се нарече – што потекнува од Романија и е наменет за преживување и функционирање во навистина екстремни услови. Официјално нема никакви информации за технологијата која е користена, но најавено е дека ќе се нуди со бензински или дизел мотори, со моќност од 340 до 500 коњски сили за бензинците и помеѓу 218 и 304 коњски сили за дизелите.

Значи, зборуваме за автомобил кој може да совлада било каков терен, има блокирачки диференцијали и менувач предвиден да ги издржи сите овие тортури. Може да му бидат прикачени резервоари за вода од 620 литри, плуг за снег или кал, пневматски перници за да може да помине преку вода, гасеници на задните тркала, и има место за единаесет патници.

Ghe-O Rescue е поголем од Hummer H1!

rescue-vs-hummer

Во ред, можеби не е најпрактичното возило за градските улици, но сепак изгледа дека спасувачките екипи од целиот свет го најдоа својот нов службен автомобил.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.