Наскоро ќе почне да се продава купе-кабрио верзијата на Серијата 4 на BMW, која ќе нуди тврд покрив кој ќе се собира за само 20 секунди!
Баварците гордо го подготвуваат 4-Series Convertible за автомобилскиот саем во Лос Анџелес – и имаат со што да се пофалат. Новиот тврд покрив на овој автомобил ќе може да се отвори или затвори за само 20 секунди при брзини до 18 километри на час. Она што е интересно е дека новиот покрив овозможува до 2 dB помала бука од оној кај претходникот. Истовремено, новиот 4-Series Convertible ќе нуди 220 или 370 литри багажен простор, во зависност дали кровот е отворен или затворен.
Она што BMW го истакнува е и исклучителната аеродинамичност од само Cd 0.28 со кренат покрив, односно Cd 0.33 со спуштен покрив. Купувачите во Европа на почетокот ќе можат да изберат меѓу три мотори, и тоа 428i со 242 коњски сили, 435i со 302 коњски сили и 420d со 2-литарскиот турбодизел кој испорачува 181 коњска сила. Во Европа, стандардно ќе се нуди мануелен менувач, но достапен ќе биде и 8-степен автоматски менувач. Ќе се нудат четири нивоа на опременост – Sport, Luxury, М Sport и Modern. Секако, за ентузијастите најинтересна ќе биде M Sport изведбата која добива поголеми, 18-инчни тркала, спортски браници и суспензија.