Рапери од целиот свет, вашето ново возило пристигна – новиот Cadillac Escalade! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Рапери од целиот свет, вашето ново возило пристигна – новиот Cadillac Escalade!

Возилото на популарните рапери – или оние кои сакаат да мислат дека се такви – ја доби својата нова генерација. Новиот Cadillac Escalade може да се пофали со 6.2-литарски V8 кој испорачува 420 коњски сили!

Џеј Зи ќе може да одбере меѓу погон на сите четири или само на задните тркала за својот нов Escalade. Под поклопецот на моторот ќе го најде веќе-споменатиот 6.2-литарски V8 кој испорачува 420 коњски сили и 623 Nm вртежен момент. Информации за перформансите нема, но тие и не се многу важни бидејќи скоро сите продадени примероци на Escalade се возат многу полека за нивните сопственици да бидат видени.

Cadillac најавува дека е посветено многу внимание на финалната обработка во внатрешноста, како и на користените материјали. Достапни ќе бидат две големини на Escalade – „помалата“ верзија со меѓуоскино растојание од 2946 милиметри, како и ESV верзија со продолжено меѓуоскино растојание од 3302 милиметри. Во зависност од избраниот модел, вкупната должина е 5180 или 5698 милиметри.

Во понудата се наоѓаат и многу безбедносни и сигурносни системи, а претпоставуваме дека купувачите ќе можат да изберат и аудио-систем со најмалку 50-тина звучници за да можат својата музичка порака полесно да ја пренесат на случајните минувачи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.