1619 километри со еден резервоар гориво во Focus EcoBoost 1.0! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

1619 километри со еден резервоар гориво во Focus EcoBoost 1.0!

Еко-возачите Knut Wilthil и Henrik Borchgrevnik поминаа 1619 километри низ Норвешка, Шведска и Финска и постигнаа екстремна економичност од само 3.3 литри потрошено гориво на 100 изминати километри!

Возилото во кое тие го направија овој подвиг е Ford Focus, опремен со 1.0-литарскипот EcoBoost мотор, кој воедно е добитник на наградата мотор на годината за 2012 и 2013. Дуото возачи со Норвешко потекло зад воланот на стандарден Focus EcoBoost со 125 коњски сили поминаа цели 1619 километри со еден резервоар, односно 53.44 литри гориво. Според тоа, тие постигнаа импресивна потрошувачка од само 3.3 литри на 100 изминати километри.

Тие тргнале од Kautokeino и возеле вкупно 28 часа во текот на следните два дена, и на крајот останале без бензин во Осло, Норвешка. Тие одржувале брзина од околу 60 километри на час и избегнувале кочење кога тоа било можно, како и користење на клима уредот, иако понекогаш температурите биле многу малку над точката на мрзнење. Нивниот подвиг го придружувала Норвешката полиција. Се пожалија дека морале да кочат кога имало ирваси на патот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.