Доаѓа Nissan Quashqai R од Severnvalley Motorsport – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Доаѓа Nissan Quashqai R од Severnvalley Motorsport

Познатиот тјунер на GT-R го создаде единствениот Nissan Quasqai R. Побрз од Veyron, поевтин од Juke R.

Црпејќи инспирација од Juke R, новиот Quashqai R е автомобилска Франкенштајн креација, создадена од каросерија на Quashqai монтирана над шасија и мотор од GT-R. Ова значи дека вклопува попрактична форма со повисоки перформанси. Сепак, за разлика од стандардниот GT-R, Quashqai R ќе има засилен 3.8-литарски твин-турбо V6 агрегат кој ќе произведува се до околу 1,000 кс, според желбите на купувачите.

6472770914847890

Во внатрешноста, Quashqai R ќе добие специјален заштитен кафез, предни Recaro седишта од GT-R, спортски задни седишта и панорамски стаклен покрив. Надворешните измени вклучуваат тркала од GT-R обвиени во Michelin Pilot Sport пневматици, а тука ќе бидат и дискретни додатоци за проширување на лаковите на крилата, мал заден спојлер и нов, специјален поклопец на моторот со отвори за ладење. SVM тврди дека сака Quashqai R да изгледа што е можно повеќе како стандардниот модел.

Неговата цена ќе биде значително пониска од онаа на Juke R. Таа ќе се движи од 210,000 евра за стандардниот Quashqai R со 542 кс, а ќе се качува драстично доколку сакате да ги посрамите сопствениците на суперавтмобили со додавање на разните тјунинг опции од SVM. Nissan Quashqai R ќе биде премиерно претставен на автомобилскиот спортски саем во Бирмингем во Јануари 2014.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.