Koenigsegg One:1 ќе може да забрзува сè до најмалку 450 километри на час. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Koenigsegg One:1 ќе може да забрзува сè до најмалку 450 километри на час.

Автомобилот, чие име го означува односот на неговата тежина изразена во килограми и неговата моќност изразена во коњски сили, ќе постави нови стандарди!

Во интервју за Bloomberg Businessweek, Christian Von Koenigsegg, основачот и сопственикот на компанијата која ги прави овие уникатни автомобили реши да открие неколку детали околу нивниот знаменосец. Прво и основно, името One:1 го означува еден на еден односот меѓу тежината на автомбилот (во килограми) или неговата моќност (во коњски сили). Бидејќи Christian објави дека автомобилот ќе има 1400 коњски сили, тогаш реално е да очекуваме дека ќе тежи 1400 килограми. One:1 е еден од ретките автомобили кои успеале да го постигнат овој магичен однос.

koenigsegg-one-to-one-2

Компјутерите за симулација кои ги користи Koenigsegg покажале дека автомобилот ќе биде меѓу најбрзите, ако не и најбрзиот на планетата – всушност, нивните симулации покажуваат дека забрзувањето од 0 до 400 километри на час ќе трае само 20 секунди! Понатаму, луѓето од Koenigsegg најавуваат дека максималната брзина ќе биде „најмалку 450 километри на час“.

Ќе бидат направени само шест примероци од овој застрашувачки автомобил – и еден прототип до крајот на оваа година. Иако цената ќе биде значително повисока од онаа на Agera S, сепак Koenisegg очекува дека ќе загубат пари на секој продаден автомобил, но се подготвени да го направат тоа заради позитивниот маркетинг ефект кој ќе го има овој автомобил врз компанијата.

koenigsegg-one-to-one-rear

На крајот, Christian Von Koenigsegg изјави дека на никого не му е потребен ваков автомобил, но едноставно луѓето сакаат да го имаат.

Забелешка: Прикажаните рендери од автомобилот се неофицијални.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.