BMW објави видео во кое го крунисува M4 Coupe за нов Баварски крал, како најпосакуван модел во нивната гама.
Пред неколку дена BMW го патентираше дизајнот на M4 Coupe, a сликите од патентот откриваат дека сериската изведба ќе изгледа идентично со концептот претставен на Пебл Бич. Додека беше изложен, автомобилот изнуди многу пофалби и беше одлично прифатен од посетителите, кои беа импресионирани од неговиот изглед.