Утринска Гимнастика: Спортската динамика на Ferrari 458 Speciale – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Спортската динамика на Ferrari 458 Speciale

Ferrari објави извонредно видео во кое ги прикажува спортските способности на специјалната верзија од 458, наречена Speciale.

Автомобилот располага со 605 кс и 540 Nm вртежен момент, кои ги црпи од природно аспириран 4.5-литарски V8 агрегат. Благодарение на ниската тежина од само 1290 килограми, забрзувањето до 100 км/ч трае точно 3 секунди, додека до бројката од 200 км/ч се стигнува за 9.1 секунда. Целиот овој пакет ветува многу возбуда и одлично управување, а Ferrari токму тоа и ни го покажува.

Погледнете го интересното видео и уживајте во магичниот танц на разјарениот коњ!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.