Nissan официјално ја претстави новата генерација на кросоверот X-Trail, на автомобилскиот саем во Франкфурт.
Познатиот груб изглед на претходникот остана во минатото, а тука е нов модерен и мускулест дизајн, кој изгледа многу полуксузно, благодарение на предните светлосни групи со LED технологија и 19-инчните алуминиумски фелни.
Посветено е големо внимание на неговата практичност, така што е зголемено меѓуоскиното растојание за повеќе место за колената на патниците на задната клупа, а неговите задни врати се отвараат до агол од речиси 80 степени, со што е овозможен полесен влез во кабината. Новиот X-Trail има опција и за трет ред на седишта за да може да се сместат вкупно седум патници.
Кросоверот е опремен со најновата генерација на Nissan-овиот систем за погон на сите четири тркала, кој се управува преку роцатионен прекинувач на централната конзола. Возачот може да одбере помеѓу погон на две тркала, автоматски режим или постојан погон на сите тркала. Тука е и активен систем за контрола на возењето кој го детектира претстојниот пат за да ги лоцира нерамнините и да ја прилагоди суспензијата.
Nissan го опремил новиот X-Trail со систем за активна контрола на патеката, кој користи сензор поставен на ветробранот за надгледување на аголот на вртење, брзината, силата на сопирање и забрзувањето за одделно да ги закочи тркалата со цел да се намали подуправувањето. Како последно, кросоверот ќе биде понуден со поддршка за тргнување на нагорнини и контрола за симнување по удолници.
Повеќе детали и информации околу палетата на мотори се очекуваат со излегувањето на автомобилот на пазарот.