SEAT ќе биде официјален превозник на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT ќе биде официјален превозник на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Овогодинешниот интернационален филмски фестивал „Браќа Манаки“ за соработник ќе го има SEAT, кој ќе биде официјален превозник на фестивалот!

Филмскитер работници Хосе Луис Алкаин, кој е омилениот шпански кинематограф, како и првата жена кинематографер Ањес Годар, но и другите светски сценаристи, продуценти и режисери ќе пристигнат на црвениот тепих со новиот SEAT Leon и ќе имаат можност да уживаат во магијата на најстариот фестивал на филмска камера.

За „Сеат“ како бренд со младешки дух кој е во постојана потрага по нов начин на давање живот на технологијата преку комбинацијата на инженерство и уживање претставува огромно задоволство да го поддржува „Браќа Манаки“ и да даде придонес на македонскиот филм и афирмација на филмската уметност во нашата земја – велат од SEAT. Секако, ние веќе ја имавме можноста да го возиме автомобилот кој воедно е и овогодишен Автомобил на Годината во Македонија – а вие можете да го прочитате нашиот тест!

Извор: PR SEAT



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.