Mercedes-Benz CLA 45 AMG Racing Series – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz CLA 45 AMG Racing Series

Mercedes-Benz претстави тврдокорен модел наменет само за тркачките патеки, базиран на моќниот CLA 45 AMG.

Оваа тркачка изведба од CLA е дизајнирана да се натпреварува во класа на автомобили погонувани од 2.0-литарски агрегати со турбополнач. Техничките спецификации можат да варираат во зависност од тркачката серија и правилата, што значи дека излезната сила од агрегатот и менувачот можат да бидат различни, додека стандардниот погон на предните тркала може да биде заменет со погон на сите четири тркала.

Mercedes-CLA-45-AMG-Racer-4[2]

Моделот е целосно соголен за да се намали неговата тежина, а неговиот екстериер е значително изменет со додавање на поагресивен преден браник со поголеми отвори за воздух, пошироки странични крила, нови странични прагови, редизајниран заден браник со интегриран дифузер и огромен заден спојлер. Сите делови од каросеријата се направени од јаглеродни влакна.

CLA 45 AMG Racing Series е опремен со нова тркачка суспензија и доаѓа со поширок траг на тркалата, како и многу опции за нејзино прилагодување. Силата на сопирање доаѓа од AMG систем за сопирање со вентилирачки дискови и систем за анти-блокирање.

Mercedes-CLA-45-AMG-Racer-7[2]

Како дел од целиот пакет се и мазни широки тркачи гуми, доводи за воздух на страничните прагови, челичен заштитен кафез, тркачки волан со интегрирани лопатки за менување брзини, Recaro седишта во вид на кади и против пожарен систем.

Тркачката изведба од CLA ќе биде јавно претставена на саемот за автомобили во Франкфурт, а ние претпоставуваме дека нејзиниот агресивен изглед ќе биде главна инспирација за дизајнот на претстојниот CLA 45 AMG Black Series.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.