Официјално претставен концептот Smart Fourjoy – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално претставен концептот Smart Fourjoy

Smart ги претстави сите детали и голема фотогалерија од концептот Fourjoy, пред неговото деби на саемот во Франкфурт.

Дизајнерската студија има уникатен дизајн без врати, без заден прозорец и има отворен покрив, кој овозможува непрекинат поглед кон футуристичкиот ентериер. Како главна инспирација за неговиот изглед се земени концептите For-us и Forstars прикажани минатата година, со неколку нови елементи, како јасно изразена полирана алуминиумска заштитна ќелија и предни светосни групи без стакла, опремени со LED дневни светла.

smart four joy

Ентериерот дава чувство на големо пространство и доаѓа со футуристички предни седишта, како и модерна задна клупа. Централната конзола е украсена со форми во вид на саќе, додека инструмент таблата е направена од осветлен и транспарентен плексиглас со вдлабнати отвори.

Димензиите на Fourjoy се протегаат во должина од 3,494mm, ширина од 1,978mm и височина од 1,494mm, што го прави припадник на автомобилите од Б-сегментот.

Силата извира од електричен мотор кој произведува 74 кс во комбинација со литиум-јонска батерија со моќност од 17.6 kWh. Полнењето на батеријата трае седум часа преку стандарден приклучок или само еден час со користење на специјални станици и кабел за брзо полнење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.