Volvo го објави спектакуларниот Concept Coupé! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo го објави спектакуларниот Concept Coupé!

Новиот концепт на Volvo влече инспирација и од легендарниот P1800, а истовремено ја прикажува новата насока во која ќе се движат моделите на Шведскиот производител.

Концептот ќе ја има својата светска премиера на автомобилскиот саем во Франкфурт, а е прв автомобил дизајниран под раководство на новиот главен дизајнер на Volvo, Thomas Ingenlath. Покрај тоа, ова е првиот од три концептни автомобили на Volvo преку кои ќе бидат презентирани можностите на Scalable Product Architecture (SPA) платформата на овој бренд, која истовремено ќе го оттргне Volvo од платформите на Ford кои досега ги користеше.

Дизајнот можеме да го опишеме единствено како модерен и футуристички, но истовремено вниманието го привлекуваат деталите кои се суптилен поздрав до легендарниот P1800. Thomas Ingenlath објаснува дека немале за цел да дизајнираат ретро возило, туку да направат суптилни врски кон славното минато и преку тоа да креираат иднина каде убавината е препознатлив дел од идентитетот на Volvo – а ако вака изгледаат и идните дизајни, сметаме дека без никаков проблем ќе успеат во тоа!

Концептот е придвижуван од моќен 2-литарски мотор кој ја носи ознаката Drive-E и користи компресор и турбо-полнач. Моторот ги придвижува предните тркала, додека задните тркала се придвижувани од електромотор. Хибридниот систем испорачува комбинирана моќност од 400 коњски сили и 600 Nm вртежен момент.

Ајде Volvo, пуштете го во сериско производство!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.