Peugeot го поднови моноволуменот 3008 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го поднови моноволуменот 3008

Францускиот бренд продолжува со подновување на својата гама, а следен на листата е моноволуменот 3008.

Автомобилот ќе дебитира на саемот во Франкфурт, а неговиот екстериер е освежен со ново лице, кое опфаќа со изменета решетка, редизајнирани предни светла и украсни елементи од хром. На задниот дел се забележуваат нови светлосни групи, а ќе се нудат и нови фелни кои го заокружуваат надворешниот фејслифт.

Ентериерот претрпел минимални измени, исто како и палетата на мотори. Единствен исклучок е моделот Hybrid4 кој користи 2-литарски дизел агрегат заедно со електричен мотор од 37 кс. Моторот со внатрешно согорување ги погонува предните, а електриочниот задните тркала. Оваа конфигурација создава комбинирана испорака на сила од 200 кс, а просечно троши импресивно ниски 3.4 литри на 100 километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.