Peugeot ќе претстави хибриден концепт, базиран на моделот 208, на претстојниот саем за автомобили во Франкфурт.
Автомобилот ќе биде погонуван од 1.0-литарскиот агрегат, зголемен на 1.2-литри, со што е задржана истата сила од 68 кс, но вртежниот момент е зголемен за 25 проценти. Тој ќе работи во комбинација со батерија и електричен мотор од 41 кс преземени од поранешниот Ле Ман тркачки автомобил.
208 HYbrid FE Concept е 25% поаеродинамичен од стандардниот 208, со отстранување на сите делови кои го попречувале протокот на воздухот. Предната решетка е намалена, ставени се 19-инчни аеродинамични фелни, обвиени во Michelin пневматици со намален отпор на тркалање, додека страничните ретровизори се заменети со камери со поглед наназад.
Неговиот заден траг на тркалата е намален за 20mm од секоја страна, овозможувајќи значителни аеродинамички придобивки околу и под автомобилот. Покривот се протега наназад и води до спојлерот, додека задниот краj има закосени ивици и воздушен дефлектор во неговиот долен дел за да го извлекува воздухот од неговиот модифициран, целосно рамен под.
Тежината е помала за 200 килограми од 1.0-литарската VTi верзија која тежи 975 килограми. Ова е постигнато со тоа што каросеријата е направена од јаглеродни влакна, а прозорците од поликарбонат.
Моделот ќе биде способен да постигне 100 км/ч за осум секунди, а ќе троши просечни 2.1 литри гориво на 100 километри, со емисија на издувни гасови од 48 грами на километар.