Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата кои од вечерва на полноќ се зголемуваат за еден денар.
Согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.23%. Тоа значи дека од вечерва бензините како и дизелот поскапуваат за еден денар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава 82.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 83.50 денари. Како и бензините, и дизелот поскапува за еден денар, и еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 70.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.