Volkswagen групацијата се закити со дури 8 награди на годинешните What Car награди, вклучувајќи ја и наградата за What Car Автомобил на Годината, која му припадна на малиот Volkswagen Up!
Секоја година, новинарите од реномираниот „What Car?” магазин бираат автомобил на годината во повеќе категории, а годинава се бираше помеѓу 92 возила во 13 категории. Овогодинешниот избор беше навистина триумф за Volkswagen групацијата, бидејќи возила кои ги произведуваат некои од нивните брендови победија во вкупно 7 од 13 категории како и најважната “What Car?” Car of the Year 2012, која му припадна на градскиот малишан – Volkswagen up!
Покрај наградата за автомобил на годината, VW групацијата се закити и со следните награди:
- Coupe – Audi TT
- Open Top – Audi TT Roadster
- Supermini – Audi A1
- MPV – SEAT Alhambra
- Best City Car – Volkswagen Up!
- Safety Award – Volkswagen Up!
- Small Family Cars – Volkswagen Golf
Според најавите на импортерот на Volkswagen за Македонија – Porsche Македонија, наскоро би требало да го видиме Up! и кај нас – ни најавија да го очекуваме за само неколку недели!