Со одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика, малопродажните цени на горивата повторно пораснаа!
Според Регулаторната Комисија за Енергетика, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 3,56%. Најмало е поскапувањето на 98-октанскиот безоловен бензин, кој поскапува 1,5 денари, и малопродажната цена е 81 денар за еден литар гориво. 95-октанскиот безоловен бензин поскапува за 2 денари, и ќе се продава по цена од 79,5 денари, а дизелот поскапува за цели 2,5 денари и ќе се продава по цена од 72,5 денари.
Наредната рекалкулација на цените ќе биде за 14 дена.